Викенд хороскоп: Нема пари, нема мир, има хаос- 3 ХОРОСКОПСКИ знаци ќе западнат во финансиска криза
ОВЕН
Ве очекуваат новости, но овие промени ќе бараат од вас жртва. Ќе морате да превземете и дел од проблемите на другите, бидејќи вашите интереси се заеднички. Решавањето на проблемот што ве измаувал многу ќе ве расположи. Постои можност за некое патување и на вас останува да одлучите.
БИК
Бидете поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашиот живот. Потрудете се, ако сакате да оставите подобар впечаток на некој кој ви е многу важен. Кога станува збор за вашата финансиска ситуација, веројатно ќе имате некоја случка која доста ќе ве охрабри, па затоа обрнете повеќе внимание на парите. Но, можно е да западнете во парична криза. Обидете се да штедитеБЛИЗНАЦИ
Ве очекуваат некои непредвидени настани, промената на планови и желби, но не може да се рече дека тешко ќе се снаоѓате. Покрај тоа до вас се пријателите кои во вистинскиот момент ќе ви помогнат. Во љубовта задоволни ќе бидат само оние кои се наоѓаат во сериозни врски.
РАК
Бидете внимателни и настојувајте да избегнувате било какви штети. Повеќе ќе се движите отколку што ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата.
ЛАВ
Подгответе се однапред дека ве очекува мноу напорен период. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен да ви ги расипе вашите планови. Во љубовниот живот не ги ги сокривајте емоциите, кажете отворено што мислите.
ДЕВИЦА
Можност за средба со личност која доаѓа од далеку. Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во животот внесете што повеќе спортски дух и расположение. Наполнете се со позитивна енергија, доаѓаат среќни моменти.
ВАГА
Вашите активности ќе бидат намалени, освен на полето на финансиите каде се уште сте ангажирани за подобрување на материјалната состојба. Но сепак, ќе имате успешен и среќен викенд, а тоа е така затоа што ве следи среќата. Некои сериозни одлуки ќе успеете да ги донесете на правилен начин.
СКОРПИЈА
Ќе имате се повеќе енергија, но повеќе внимание ќе терба да им посветите на односите со семејството. Внимавајте што зборувате ако не сакате да имате неприлики. Критика ќе ви дадат најблиските пријатели. Па затоа ќе морате да имате максимално трпение. А да! Следи период на криза во финансиска смисла. За да не дојде до тоа, мора да превземете нешто
СТРЕЛЕЦ
Ќе ви биде многу динамично, исполнето со дружење, нови идеи како и обиди барем некои од нив да се реализираат. Сепак треба да ве предупредиме дека поголемите желби и планови не ќе можат да ви се исполнат иако вие многу се надевате. Некои од вас многу погрешно ќе ги проценат шансите и ќе дадат неодмерени изјави.
ЈАРЕЦ
Доколку сте во можност одвоете ги своите мисли и посветете му се на партнерот. Покрај тоа што од вас ќе го извлече најдоброто, што во моментот можете да го дадете ќе добиете нежност и љубов, а тоа ви е потребно повеќе отколку што мислите. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини. Но внимавајте! Следи период на финансиска замка
ВОДОЛИЈА
Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога во домот. Многу е важно да можете да креирате нова ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.
РИБИ
Овој викенд вие ќе бидете најсреќниот хороскопски знак. Тоа ќе ви го овозможи личноста која најмногу ја сакате. Но внимавајте! Поради некои ваши ставови за животот можете да ја повредите таа личност. Следи период на преиспитување, но вие имате сила да пливате и онаму каде никој не може.