ВИКЕНД ХОРОСКОП: Непријатно изненадување за еден знак
Овен
Нема причина да ја губите самодовербата. Емотивно сте вознемирени и ќе ви годи дополнителното внимание кое може да го добиете од саканите личности.
Бик
Вниманието го насочувате кон себе, но на погрешен начин. Упорно се обидувате да ги прикриете своите планови или некои „емотивни траги“. Бидете искрени кон саканата личност.
Близнаци
Ова е викенд создаден за „смирување“ на односите, а фактот дека овие денови буквално пукате од самодоверба може дополнително да ви помогне.
Рак
Делувате вознемирено, ви се чини дека не можете да и удоволите на саканата личност и да ги остварите своите намери. Застанете за момент и опуштете се.
Лав
Важно е успехот и емотивната среќа да потраат подолго. Своето внимание и емоции посветете ги на личност со која ве врзуваат слични афинитети и потреби.
Девица
Имате големо влијание на расположението на партнерот, немојте да дозволите да ве раздвојат нечии предрасуди или влијанија.
Вага
Немојте да изговарате „тешки зборови“ пред саканата личност. Ќе ви годи опуштената атмосфера и некој вид на неформална забава во блиско друштво. Добро се чувствувате и треба да го искористите тоа.
Шкорпија
Немојте да дозволите да избега љубовен повик или саканата личност да се оддалечува од заедничките теми. Важно е да го препознаете добриот имплус.
Стрелец
Ве очекува пријатно изненадување на средба со саканата личност. Дозволете си забава и добро друштво. Здравјето е стабилно, па немате простор за грижи.
Јарец
Нема потреба да игнорирате некои емотивни сигнали. Партнерот делува многу занесено и сака да се најде во центарот на вашето внимание, што е прекрасна можност за двајцата.
Водолија
Се наоѓате под дополнителен емотивен притисок, мора да почитувате нечија волја или барања. Почнува да ве иритира однесувањето на партнерот, направете дистанца.
Риби
Доколку чувствувате емотивна оставка, размислете во што имате погрешено кон саканата личност. Никој не е „безгрешен“, исправете ги своите пропусти, ова е вистинскиот викенд за тоа.