Викенд хороскоп: Овни посветете се на себе, Вагите нека се подготват да забелскаат
Овен
Во текот на целата работна недела го имавте оној „грч“ во стомакот. Очекувавте некој настан кој ќе донесе тектонски промени во вашиот живот. Опуштете се, сѐ се случува кога ќе дојде време. Викендот посветете си го на себе.
Бик
Се завршува работната недела и вие ги сумирате впечатоците. Имаше од сѐ по нешто, од успешни деловни состаноци до љубовни понуди. Секако една возбудлива недела. За деновите од викендот очекувајте продолжување на љубовните случувања.
Близнаци
Деновите зад вас ви донесоа стрес кога се во прашање вашите финансии. Мудро размислете дали е паметно да зимате кредит или да се позајмувате.
Рак
Љубовната ситуација полека се смирува. Работната недела беше стресна што се одразува на љубовниот живот. За викенд прегрнете го партнерот и уживајте со него.