Викенд хороскоп: Овој викенд бидете внимателни со пријателите и парите

Добивај вести на Viber

Овен

Ќе се најдете во друштво на непознати луѓе, но одлично ќе се вклопите. Вашата страст ќе ви помогне да го освоите вниманието, иако нема многу да се трудите да го постигнете тоа. Не се обидувајте да контролирате сѐ што се случува околу вас. Овие два дена препуштете ѝ се на забавата. Внимавајте, некоја Шкорпија која постојано ви нуди совети, нема добри намери.

Бик

Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој Бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја.

Близнаци

Понекогаш треба да делувате брзо и одлучно без премногу тактизирање. Со саканата личност уживајте во работите кои ви се заеднички. Потпрете се на интуицијата. Посветете внимание на различните информации кои ги добивате за да можете коректно да ги завршите работните задачи. Внимавајте на однесувањето со колегите.

Рак

Викендов ќе бидете многу неодлучни. Предолгото размислување нема да ви помогне. Бидете поодлучни и дејствувајте веднаш. Нема да ви биде лесно да си одделите енергија за проблемите на другите луѓе, но ќе бидете принудени да го направите тоа. Сочувствувајте со ваш колега или пријател и дајте му пријателски совет.

Лав

Постојано ќе среќавате личности кои ќе ви испраќаат збунувачки сигнали. Но, вие најдобро е да стоите блиску до стабилни личности кои избегнуваат игри и за кои знаете дека немаат скриени намери. Не останувајте зачудени ако луѓето се однесуваат необично. Тие ќе направат се за да се истакнат и да застанат во центарот на вниманието.

Девица

Немате време за губење, ве чекаат важни одлуки и успеси. Се повлекувате во сопствениот свет, го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени. Уживајте во тоа што ви се нудат, не се оптоварувајте со хипотетички прашања. Обрнете внимание на вашите соработници, тие ви сугериираат нешто што за вас е доста корисно.

Вага

Викендов ќе бидете прилично нервозни. Напнатоста во вас ќе предизвика конфликти и проблеми, а неодлучноста ќе биде вашиот најголем проблем. Ќе се обидувате на секаков начин да го направите вистинскиот чекор. Но, прво смирете се а потоа концентрирајте се на извршување на обврските. Некоја Водолија ќе ви понуди помош, прифатете ја и заблагодарете и се.

Шкорпија

Oва е викенд кога треба да им бидете благодарни и да ги цените луѓето околу вас, а не да ги критикувате. Организирајте нешто убаво за оние кои ги сакате и кои често ве поткрепуваат, а некогаш ве критикуваат со цел да го избегнете правењето на грешки. Соработниците, колегите и шефовите се разочарани од вашата негативност, обидете се да го промените тоа.

Стрелец

Дејствувате како молња за да го остварите максимумот. Некоја ситуација бара поголемо штедење од ваша страна. Ќе бидете задоволни, но само ако се свртите кон решавање на работите за кои сте одговорни. Ви годи осаменоста и уживате. Имате можност да осварите некоја нова соработка, внимателно со инвестирањата во непознати нешта.

Јарец

Немате премногу време за размислување. Со Вагите и Близнаците постигнувате прилично добра соработка. Ненадејните случувања ве вадат од колосек, и покрај тоа што ви ги изгледаат интересни. Еден Бик се труди да ви излезе во пресрет. Внимавајте на финансиите, трошите премногу.

Водолија

Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете викендот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.

Риби

Секогаш сте се потпирале на други луѓе за да се чувствувате посигурни, било да се работи за ваш пријател, роднина или друга блиска личност. Време е да си го покачите нивото на самоувереност и да станете посамостојни. Шетајте со гордо крената глава. Способни сте да постигнете многу повеќе отколку што си мислите.