Викенд хороскоп: Поранешната љубов ќе се врати во животот на овие три знаци

Добивај вести на Viber

Стрелец

Недостатокот толеранција и вишокот нервоза ќе ги одбележат деновите од викендот пред вас. Вашето незадоволство ќе биде повеќе од изразено. Ќе влегувате од кавга во кавга со партнерот. Мислите дека нешто ви крие и дека ве лаже. Всушност, додека мирно не ја согледате ситуацијата и додека мирно не поразговарате, нема да најдете решение на проблемите, бидејќи навистина не е сѐ така како што ви изгледа.

Јарец

Се чувствувате добро и просто зрачите пред сите. Вашата позитива привлекува луѓе, а тие добро се чувствуваат во ваше друштво и близина. Немојте да се изненадите ако овие денови успеете да освоите нечија наклонетост и срце. Доколку не сте во врска, препуштете се и уживајте.

Водолија

Овој викенд нема да ви донесе среќа во љубовта, баш напротив! Ќе ја сретнете поранешната љубов која во минатото ве повредила. Вашата средба ќе предизвика подели чувства во вас. Еден дел од вас ќе се сети на болката која сте ја проживеале во таа врска, а другиот дел од вас без оглед на сѐ уште ќе ја сака поранешната љубов.

Риби

Вашиот љубовен живот влегол во рутина и ништо важно не се случува во вашата врска. Станавте имуни на некои ситуации на кои порано би реагирале бурно. Искористете го викендот пред вас и внесете доза животст во вашиот љубовен живот. Немојте да чекате потполно да се оддалечите.

фото: unsplash.com


Претходна страна