ВИКЕНД ХОРОСКОП: Што ви носат деновите пред Велигден ?

Добивај вести на Viber

Овен

Овој викенд хороскопот ве советува да се потрудите и да ги завршите сите започнати планови и обврски. Моментално не е момент за нови, големи потези. Состојбата во семејството е стабилна. Близок пријател очекува совет, помош и поддршка од вас.

Бик

Имате брзи и непромислени потези и изјави. Имате енергија која не знаете правилно да ја насочите. Поради таквата моментална состојба иритирате некој од вашата блиска околина. Во следниот период обидете се да не ги наметнувате своите потреби и ставови, сега не е време за тоа.

Близнаци

Сакате да воведете промени, а сега е вистинското време за тоа. Слободно бидете упорни во спроведувањето на тие планови. Вашата љубезност и толеранција сега ќе се покаже во полно светло. Вие знаете како на некој на убав начин, со вистински факти да му го наметнете своето мислење.

Рак

Во семејните односи бидете директни и ќе може да го остварите сето она што сте го посакале. Слободно наметнете ги своите ставови. Односот на семејството кон вас ќе биде изненадувачки позитивен. Пристапете им на плановите без страв и ќе бидете изненадени од поддршката на околината.

Лав

Ситуацијата моментално е таква што не е најдобар момент да започнувате спроведување на своите планови. Умереното и мирно темпо сега ќе ви годи. Многу приказни ќе ви ја црпат енергијата. Стрпете се, почекајте подобри денови. Посветете се на себе и работите кои ве исполнуваат.

Девица

Ова е период кога треба да се преиспитате. Бидете отворени и искрени. Мора да се соочите со своите грешки и пропусти. Единствено така ќе најдете вистинско решение и одговор на сите прашања. Помошта од околината не ви е потребна. Доволно е да се потпрете на својата интуиција, која скоро па е непогрешива.

Вага

Сите ваши амбиции и планови може да се остварат ако имате доверба и верба во себе. Плените со шармот, вие сте голем дипломат. Сето тоа единствено може да биде упропастено од ваша избрзана реакција, што не е својствена за вас. Ни случајно немојте да се согласувате на компромис, кој се коси со вашите принципи и ставови. 

Шкорпија 

Ве мачи неразрешена ситуација од порано. Вие сакате сите конци да ги држите во раце. Имате можност да ја разјасните ситуацијата. Бидете директни и конкретни, слободно зборувајте без влакна на јазикот, баш така како што мислите. Можно е реакциајта на околината да биде бурна. Почекајте, дајте малку време, конечниот резултат ќе биде во ваша корист.

Стрелец

Немојте да се двоумите околу она што ви е важно. За да го постигнете тоа што сакате бидете тактични, но и директни. Единствено на таков отворен и директен начин можете да поставите сигурни и здрави темели. Блиска личност ќе биде до вас.

Јарец

Обидете се да не реагирате на прва топка. Можно е да се најдете во провокативна ситуација. Добро размислете, не брзајте со одговорите. Обидете се да сфатите од кого доаѓа таа негативна енергија. Блиска личност е до вас, послушајте ги нејзините добронамерни совети. Можеби таа понекогаш подобро ги гледа работите од вас.

Водолија

Работите во семејството почнуваат да се движат во сосема неочекуван правец, што многу пријатно ќе ве изненади. Многу сте трезвени и стабилни и тоа е она што семејството го очекува од вас. Вашата сила им годи и тие наоѓаат засолниште кај вас. Обидете се ја задржите таквата состојба на духот и телот.

Риби

Сега е вистински момент да се подобри моменталната ситуација. Немојте да одолговлекувате со промени. Полека размислувајте, направете јасен план и јасно изнесете ги плановите и одлуките и начинот на спроведување на истите. Искористете го овој викенд паметно.