Викенд хороскоп: Време е за нови нешта, доста живеевте потиснати
ОВЕН
Преголемата опседнатост да постигнете се и да успеете во сешто ќе ја истроши целосно вашата енергија и ќе ве спушти на дното. Наместо да се обвинувате себеси дека не сте успеале, вината префрлете ја на вашата гордост и его кои досега никако не прифаќаа туѓа помош. Почувствувајте го дното и здивнете. Размислете убаво за изминатиот период и побарајте ја личноста која најдобро може да ве разбере. Наместо да разговарате со сами себе и повторно да се изгубите во хаосот во вашата глава, туѓото мислење е она што најмногу ви треба и што најдобро може да ве врати во живот.
БИК
Послушајте ги советите и делувајте мудро, а на крајот од месецот, конечно ќе можете да прославите за уште една победена битка со самите себе. Се исцрпивте месецов, што од кавги, што од невозвратено внимание. Но, свесни сте дека некои нешто треба да ги смените, а знаете дека сето тоа ќе резултира во ваша корист. Премногу се нервирате а небитни нешта. Кoн крајот на месецов веројатно ќе сватите дека не вреди да се заморувате. Здивнете, и вие сте само човек!
БЛИЗНАЦИ
Како да живеете во некој друг паралелен универзум, така ќе се чувствувате до крајот на месецот. Силата и енергијата ќе потонат некаде помеѓу вашите сомнежи и дефинитивно ќе ја изгубите вербата во себе. Ако во изминатиот преиод бевте навикнати вниманието бесплатно да го собирате на ваша сметка, сега ќе бидете очајни. Бидете искрени сами со себе, бидејќи крајот на месецот е подговтвен да ви ги наполни рацете со работа, но и душата со тага. Превземете одговорност за сите работи кои не сте ги исполниле и побарајте прошка од она место на кое мислите секоја вечер пред да заспиете. Нема да зажалите.
РАК
Луди и бесни. Зарем некогаш во животот сте знаеле за стоп? Крајот на месецот ќе ви биде како на филм. Вечерни излегувања, дружби, опуштање и одмор, храна, љубов и уште што ли не. Напорната работа секогаш се исплаќа, па така и вашата ќе ви донесе огромни финансиски придобивки, но и кариерно унапредување. На љубовно поле ќе бидете посамоуверни од било кога и воопшто нема да се двоумите да го направите првиот чекор. И да, ова важи за вас, не се изненадувајте, заслужено ви е.
ЛАВ
Ако почетокот на месецов го планиравте за авантури и опуштање, не се разочарувајте. Посебно пред крајот, ќе биде доста интересен период за вашиот хороскопски знак. Ќе се појави нова личност во вашиот живот, која ќе ви ги покаже своите гледишта кон животот и ќе ве натера да верувате во чуда. Препуштете се целосно, за да им раскажувате на пријателите. А верувајте, ќе имате многу за зборување.
ДЕВИЦА
Претходниот месец ви беше совршено да одмарате во вашата сигурна зона, но крајот на овој месец за вас носи големи пресвртници. Ќе им попуштите на вашите емоции и ќе му дозволите на моментот да ве води. Ризикот прави капитал, а ако добро ги искористите понудените авантури, тогаш дефинитивно ќе поминете месец вреден за паметење. Не дозволувајте внатрешната несигурност да создаде оклоп врз вашата личност. Излегувањето од вашата комфорт зона ќе биде најубавото нешто што ќе ви се случи годинава.
ВАГА
Карајот на месецот за вас ќе биде уште едно премотување на истите фантазии во вашата глава. Прекинете да сонувате за работи за кои не сте моќни да влијаете. Наместо постојаните грижи и прашања, отстапете простор во вашата глава да размислите за некои посериозни теми од кои ви зависи иднината. Засукајте ги ракавите и фатете се за работа. Неочеквана средба со личност од минатото длабоко ќе ве натера да постапувате по вашиот разум. Ставете го срцето на пауза, само така ќе успеете да си ја зачувате енергијата.
СКОРПИЈА
Да се биде постојано во центарот на вниманието воопшто не е лесна работа. Крајот на месецот за вас ќе претставува многу обврски кои максимално ќе ви ја црпат енергијата. Но, кај вас нема откажување никогаш. Борбата за внимание и успех е тешка, но победата ќе биде дефинитивно ваша. Не знаете за средина, но ќе се научите како добро да си го изменаџирате времето. Ќе имате време за сите обврски, но и време да се забавувате. Една кратка, но доста поучна авантура ве очекува пред крајот на месецот. Не размислувајте премногу за иднината, препуштете се на моментот и уживајте.
СТРЕЛЕЦ
Прифаќањето на одговорноста и не е толку тешка работа, откако ќе ги соберете првите плодови од оваа акција. Кога ќе си ги признаете вашите проблеми, пола од нив ќе ви бидат веќе решени. Крајот на месецот носи стабилност, па конечно ќе запознаете со хармонијата и балансот на животот. Избегнувајте го стресот и агресивноста за ситните работи, бидејќи само тие можат да ве чинат многу. Одморете од обврските и отворете си го срцето. Вашата повлеченост може да отргне некои блиски личности од вашиот живот. Покажете им ги вашите чувства за нив и не ризикувајте да ги изгубите.
ЈАРЕЦ
Кон крајот на овој месец ќе се чувствате како заглавени во тркалото на животот. Премногу обврски, премногу проблеми, караници и несоници. Мислите ќе ви бидат расеани, но ќе направите се за да излезете од овој круг. Ќе биде релативно тешко за вас. Понекогаш треба да постапувате мудро, а не напорно. Бидете искрени со самите себе за работите кои вистински ги посакувате. Само тогаш ќе можете да направите чиста визија и план за да си го средите движечкиот хаос. Социјално ќе бидете многу неактивни, а љубовна приказна од вашето минато постојано ќе ви се врти низ главата. Превземете акција и делувајте, ќе бидете изненадени кога на крајот од месецот ќе дознаете некои одговори.
ВОДОЛИЈА
Кон крајот на месецот вашите мисли ќе бидат на годишен одмор. Конечно ќе се ослободите од непотребните прашања и претпоставки проектираа нејасни ситуации и стравови во вас и ве спречуваа да гледате со широко отворени очи кон вашиот живот. Релаксирани и одморени, вашето темпо на функционирање ќе биде најбрзо досега. Веќе мудро ги избирате луѓето околу себе и себично го давате вашето време. Љубовта кон самите себе е најважна и најубава особина, а резултатите од тоа ќе ги почувствувате кога сите луѓе околу вас ќе ви го пренасочуваат вниманието и ќе ве прашуваат што толку прекрасно ви се случило што така изгледате.
РИБИ
Крајот на месецот за вас ќе претставува преродба. Ќе се чувствувате енергично и будно. Како светот да е во ваши раце, ќе управувате со леснотија за секоја задача и овбрска која ќе ви биде доверена. Но, добро ќе знаете како да си поминете убаво. Излегувања и забави, долги одмори и опуштања ќе ви го одбележат крајот на јануари. Ваше е само да го најдете најдоброто друштво за вас и да се пуштите длабоко низ авантурите, без никакви кочници.