Викенд хороскоп: За Ракот и Бикот ова ќе бидат денови за дружење, а на многумина ќе им поминат во знакот на минатото
Овен
Викендот искористете го за да си удоволите на себе. Правете го она што ве исполнува и годи. Енергиите се напнати и вие го чувствувате тоа, но исто така знаете дека не треба да се впуштите во нешто каде што не гледате цел. Долгите прошетки, кафе со пријателите, мини спа во вашиот дом и подготвени сте за следната работна недела.
Бик
За време на викендот ви следува забава и дружење. Искористите сè, бидејќи и самите знаете дека ситуацијата дома ви е напната, а некои Бикови имаат проблеми и со самиот дом во смисла на прокиснување, неисправна инсталација итн. Во природа и за време на дружење ќе запознаете личност чија привлечност ќе ве збуни, бидејќи нема да биде во прашање физичка, туку интелектуална привлечност.
Близнаци
Случувањата околу вас, особено кога е работата во прашање, се пресликуваат и на љубовниот и семејниот живот. Вие сте напнати и сакате да ги забрзате работите, но ѕвездите велат поинаку. Послушајте ги. Овој викенд одморете се, обидете се да не отварате тешки теми и наполнете ги батериите за работната недела.
Рак
Овие два дена ќе ви поминат во знакот на љубовта, возбудата и флертот. Раковите кои немаат емотивен партнер, овој викенд помеѓу друштвото или некоја забава може да запознаат многу интересна личност. Оние кои се во врска или брак нека го посветат викендот на мазење, прегратки и едноставно нека го впиваат секој дел од својот партнер.