ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. 

Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„Од овој ден“ (Владо Јаневски)


Балада која популарниот пејач и автор премиерно ја отпеа на неговото осмомартовско ексклузивно шоу пред точно една деценија во Драмски театар. На концертот призна дека ја напишал по нарачка за една вљубена двојка за нивната годишнина од брак. Песната стана синоним за изразување љубов и сè уште е една од најбараните за отворање на свадбените веселби. Пред четири години Владо Јаневски настапи на затворањето на манифестацијата „Битолско културно лето“ во Хераклеа, а токму овој рефрен беше увертира во овековечувањето на уште една љубов кога момче пред неколку илјадна публика ја запроси својата девојка.