Викторија Бекам опиша како ѝ е во кревет со Дејвид, а жените не можат да веруваат: Господе, има ли жена на планетава која не сака да биде на нејзино место
Викторија и Дејвид Бекам се во брак 23 години, а парот сè уште изгледа вљубено „до уши“. Судејќи според едно старо интервју на дизајнерката, една од причините е нивниот возбудлив живот во спалната соба
Викторија Бекам денес е „челичната дама“ на светската мода и шоу-бизнисот – речиси никогаш не се насмевнува, секогаш е резервирана во јавноста, ретко ќе прочитате нејзино интервју, не коментира озборувања, не споделува дел од интимата...
Сепак, не беше секогаш така. Уште во првите години од нивната љубов, лудо заљубената поранешна членка на групата „Spice Girls“ не се двоумеше отворено да проговори за среќата со фудбалерот Дејвид Бекам, со кој е во брак од 1999-та година.
Денес, двојката има четири деца: Бруклин, Ромео, Круз и Харпер Севен и живее мирен семеен живот, покажувајќи во секоја прилика дека сè уште се среќни и маѓепсани еден од друг како и првиот ден. Дали причината е нивниот „огнен живот“ во спалната соба, прашуваат многумина, а судејќи по едно од интервјуата на Викторија - тоа би можело да биде случај.
Имено, деновиве низ странските медиуми кружат стари изјави на Викторија Бекам со кои таа откри како е да се биде во кревет со еден од најпосакуваните мажи на планетата.
- Горда сум на фактот што јас и мојот сопруг и денес имаме одличен с*кс. Тој е во многу добра форма. Обично сум гола во кревет, но тој почна да ми купува долна облека - изјавила Викторија.
Пош Спајс не застана тука, туку ги коментираше фотографиите за кои нејзиниот сопруг позира во долна облека и изјави дека е јасно дека Дејвид може да се пофали со импозантни димензии.
- Има огромен. Го гледате на рекламите. Изгледа како ауспух од трактор- додала таа.
„Дали се испотив читајќи го интервјуто со Викторија Бекам?“, „Господе, има ли жена на планетава што не би сакала да биде таа“, „Значи сè е како што мислевме“, „Таа е најсреќната жена на светот „... се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Двојката често зборуваше за тоа како од првиот момент знаеле дека се родени еден за друг, а Дејвид еднаш рекол дека веднаш сфатил дека пред него е неговата идна сопруга.
- Се сеќавам дека се свртев - уште пред да ја сретнам - и му реков на пријателот: „Сакам да се оженам за неа“ - рекол Дејвид во шоуто на Елен Деџенерис во 2008-ма година.
Извор: glossy.espreso.co.rs