Вистинска магија: Најдобри третмани за лекување акни на лицето
Сме слушнале безброј пати дека третманите за акни на лицето се магични и навистина ќе ги решат сите наши проблеми со лицето кои не мачат долго време. Истраживме и откривме сè што треба да знаете за ваквите третмани!
Акните се хронично воспалително заболување зависно од генетиката, исхраната, стресот и хормонално пореметување кое започнува во раниот пубертет и може да трае до 40 години.
Негата на кожата вклучува процедури кои поддржуваат одреден вид на кожа, го подобруваат нејзиниот изглед и ги ублажуваат проблематичните состојби на кожата. Практиките што го подобруваат изгледот на кожата на лицето вклучуваат употреба на козметика, пилинг, ласери...
Има навистина многу третмани за акни, ние сме тука да ви разјасниме некои од нив, за да бидете сигурни на што треба да обрнете внимание и да се консултирате со стручен дерматолог за да одберете што е најдобро за вашето лице.
Дали мислите дека сте пробале скоро сè за да се ослободите од акните, но сепак ги гледате на вашето лице? Не очајувајте. За да имате поубава и поздрава кожа, веројатно треба да направите некои промени или да пробате третмани за акни и мозолчиња кои можат да ги отстранат. Знајте дека е можно да се ослободите од акните, колку и да ви изгледа невозможно.
Професионални третмани за акни на лицето
Ако имате мозолчиња и постојани акни на лицето, тогаш сигурно сте се обиделе да ги отстраните. Можеби сте имале неколку неуспешни обиди, по што состојбата на лицето се влошила уште повеќе.
Професионалните третмани за мозолчиња можат да ги отстранат проблемите со лицето и да го направат повторно да свети. Како што веќе знаете, не се сите акни исти, па затоа не ви одговараат сите третмани на лицето.
Потребно е време за лекување на акните, бидејќи секој третман бара свое време за дејствување, но најважно е да се обратите до стручно лице кое има искуство со ваква проблематика, како ординацијата „Д-р Анчевски“.
Поентата на сето тоа е да ја откриете причината зошто се појавуваат мозолчиња, а потоа треба да видите каков вид на акни имате на лицето. Кога станува збор за професионални третмани, важно е да се знае дека е потребно време да се видат јасни резултати.
Се разбира, дерматологот ќе ви објасни што ви е потребно, па затоа секогаш ве советуваме да изберете дерматолог кој е со големо искуство во ова поле. Потребен ви е некој на кој можете да му верувате и некој што ќе ја запознае вашата кожа до срж.
Во зависност од состојбата на вашето лице во ординација „Д-р Анчевски“ ќе добиете совет за тоа кој е најдобриот третман за вашата состојба.
Најдобри третмани за лекување на акни на лицето
Хемиски пилинг – третман со овошна киселина со одредена концентрација ќе биде нанесена на кожата со цел да се одстрани површинскиот слој кожа. Многу јаките концентрации може да стигнат до подлабоките слоеви на дермот. Може да постои лесно црвенило. Целта на хемискиот пилинг е да предизвика лупење на кожата. Во првите 14 дена се појавува новата кожа. По третманот потребна е грижа за кожата со хидратација и протекција со заштитен фактор. Овој третман не се прави во летниот период.
Дермаролер - ваљак прекриен со бројни микроиглички со кој при поминување врз кожата со лесен притисок се прават нежни микроубоди во епидермот односно површинскиот слој на кожата. Овие микроубоди на кожата делуваат на тој начин што ја стимулираат самата да се обновува преку продукција на колагени и еластични влакна и потикнување на факторот на раст што придонесува за обновување и подмладување на кожата. Со дермаролерот можат да се третираат целото лице, вратот и деколтето и други делови од телото во случај да се стретираат стрии и лузни.
Резултатите од третманот се забележуваат уште после првиот третман,особено по две недели откако кожата ќе се регенерира. Сепак тоа е процес во кој кожата е стимулирана да се регенерира во наредните месеци со одржување на ефектот долго време. За целосен ефект се препорачуа да се направат 4-7 третмани на растојание од околу 3 недели.
Ласерски третмани Pixel RF технологија - третман кој стои помеѓу конвенционалните и хируршките методи со одлични резултати кои не бараат премногу време за опоравување. Новата пиксел технологија ја подобрува структурата на кожата пиксел по пиксел, зафаќајќи само дел од кожата со илјадници микроскопски RF пиксли, работи како Photoshop за Вашата кожа. Пикселите во кожата се микрошуплини во длабоко оштетените слоеви кои ја разбудуваат кожата наново да ги множи сите свои структури и на природен начин да ја исполни лузната. После само неколку третмани резултатите се видливи и повеќе од задоволителни. Неколку дена по третманот има поинтензивно црвенило кое завршува со крустација. После тоа кожата е помазна и ефектот е видлив после секој третман.
Фотодинамска терапија со лед светлина - нова димензија во лекувањето на акни. Ефектот на терапијата се базира на апсорпција на светлината од бактериите од кои што настануваат акните и значително се намалува работата на лојните жлезди, со што се намалуваат шансите за повторна појава на акни. Фотодинамската терапија е брза, безболна и ефикасна метода.
Микродермоабразија - третман на благи лузни од акни. За време на процедурата дерматологот работи со сонда која исфрла кристали за да се отстранат површинските слоеви од кожта. Со серија од третмани кожата регенерира и плитките лузни стануваат помалку видливи. После третманот со микродермоабразија кожата може да биде црвена, оваа состојба трае само неколку часа.
*ПР објава