Вкупниот број на новозаболени во земјата се искачи на 854: 4 смртни случаи

Во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи на Ковид 19 и со ова бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти - соопшти министерот Венко Филипче.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).


Новозаболени по градови:
-Скопје - 4
-Куманово – 11
-Прилеп – 3,
-Тетово - 4
-Велес – 2
-Кочани - 1
-Пробиштип - 1