Владо Јаневски: Научив да ми биде забавно самиот со себе

Добивај вести на Viber

Откако одржа успешен концерт во ВИП Арената со кој прослави 25 години кариера, Владо Јаневски е помалку присутен во медиумите. Чаирскиот романтичар вели дека по своја желба, неговата куќа ја претворил во твдрина во која го наоѓа својот мир. 

„ Се кријам во мојата куќа во Чаир која ја претворив во мала тврдина за никој да не ми пречи. Всушност, другите ја викаат тврдина бидејќи има електрични капии, безбедносни камери и слично, ама јас си ја викам оаза. Тука ми е најубаво, бидејќи одамна научив да ми биде забавно самиот со себе“, раскажа Владо за Женски магазин.

Во претходно интервју за Женски магазин, тој откри дека е навикнат на негативните муабети кои често ги слуша за себе. 

„На народот му треба вентил, дневен трач за со кафе за да си ја разбие монотонијата на секојдневната рутина и да се оттргне бар на момент од грижите. За тоа служат трачевите и со помош на таблоидите, порталите и социјалните мрежи се таргетираат познати пејачи, спортисти, политичари... Тој што сака да ги побива и демантира трачевите не ќе да е баш мудар и подобро да си најде друга професија кај што нема да го чепкаат, хахаха“, раскажа Владо кој е актуелен со баладата „Откако си негова“, снимена на македонски и на хрватски јазик. 

Фото: Вангел Тануровски