Внимавајте на декларациите на овошје и зеленчук во продавниците: Настасја открива како да видите дали се ГМО

Добивај вести на Viber

Настасја Недимовиќ, која го победи ракот во бременоста, истакнува дека квалитетот на храната што ја купувате може да се провери врз основа на само една шифра

Инфлуенсерката Настасја Недимовиќ е поранешна професионална ватерполистка од Нови Сад која откри дека има рак за време на бременоста и успешно се избори со него. Целосно го промени начинот на живот и се посвети на здравата исхрана. Таа редовно им дава совети на своите следбеници на социјалните мрежи за храната што ја јадеме секој ден, а овој пат откри како да проверите дали некој производ е генетски модифициран.

Имено, на декларацијата на овошјето и зеленчукот во маркетите стои шифра која покажува дали храната е генетски модифицирана или не. „PLU“ шифрите на пакувањата покажуваат дали овошјето се одгледува конвенционално, генетски модифицирано или органско.

- Ако се работи за низа од четири броја која започнува со број 3 или број 4, т.е. од 3000 до 4999, тогаш станува збор за овошје и зеленчук кои се одгледувале со конвенционален метод, т.е. за него биле употребени многу престициди и други вештачки средства. А ако на пакувањето има петцифрен број кој започнува со бројот 8, тоа значи дека се работи за генетски модифицирана храна, односно ГМО – објаснува Настасја.

Таа истакнува дека ваквата храна многу ни штети на здравјето.

- Знаеме дека оваа храна носи бројни опасности по нашето здравје и затоа секако треба да ја избегнуваме. Банана која е генетски одгледана ќе го има бројот 84011. Од друга страна најбезбедни се оние овошја и зеленчуци кои почнуваат со бројот 9, односно од 93000 до 94999. Во овој случај станува збор за здрава органска храна кој не користи никакви хемикалии или пестициди. Така, на пример, таа банана ќе ја има ознаката 94011 - вели инфлуенсерката.


Но, ваквиот начин на обележување на производите кои се наоѓаат на полиците во продавниците сè уште нема законска обврска.

- Овој начин на обележување, односно кодирање, не е пропишан со закон, туку е доброволен. Ова значи дека нема да ги најдете овие ознаки насекаде. Притоа, сето тоа не значи дека во маркетите каде што нема шифри и каде што не се наведени бројки, нужно можеме да најдеме нетретирано овошје, зеленчук или домашно - заклучува Настасја.

Извор: stil.kurir.rs