Внуката нека биде убава на мама: Наум Петрески ќе стане дедо

Добивај вести на Viber

Наум Петерски ќе стане дедо. Неговата ќерка, фолк-пејачката Анастасија Петерска е бремена и носи девојче. Наум во телефонскиот разговор ни ја потврди убавата вест.

„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, ни изјави Петрески.

Анастасија на почетокот од годинава се сврши со Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“, со кого е во врска две години. Анастасија и Влатко нема да прават класична свадба туку забава откако ќе се роди ќерката. Бебето треба да се роди во март и можно е забавата да биде двојна- и венчавка и крштевка, велат пријатели на двојката.  М.Џ.