Шминка,
Приказни
Внукот повторно ја разубави баба си: Баба Милоратка (86) сега е уште поубава (ФОТО)
Александар Драмичанин е уметник од Ивањица чија баба веќе еднаш стана вирална поради неверојатна трансформација, а сега тоа повторно се случи и е уште поубава од минатиот пат!
Новите пред и после фотографии се волшебни бидејќи на првата гледате баба која не се шминка, носи шамија, и иако на неа гледате прекрасни црти на лицето и убава боја на очи, не се нагласени. Меѓутоа, внукот Александар го прави тоа наместо неа.
Заедно со фотографиите, тој закачи и кратко видео од трансформацијата на неговата баба, каде што ефектот од драстичната промена на оваа прекрасна жена е уште поизразен.
- Мојата најпрекрасна баба Милоратка - стои во описот на видеото под кое има еден куп коментари.
Извор: Noizz.rs