Во чизми стари 10 години и најобични фармерки: Кејт Мидлтон демонстрира како дa изгледате ултра тренди во едноставни парчиња
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон ретко избира фармерки, но кога го прави тоа секогаш ги комбинира за да изгледа како
совршено парче за деловен стил.
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон го посетија малиот град Абергевени во Велс, каде разговараа со локалните фармери. А за таа прилика војвотката од Кембриџ избра лежерна облека со јасна деловна линија.
Сопругата на принцот Вилијам носеше тесен модел на фармерки, во црна боја кои мајсторски ги искомбинирала. Иако одеше по трева, таа самоуверено чекореше во црни кратки превртени кожени чизми со полна штикла, потпишани од Aquatalia.
Ова се чевлите кои војвотката ги има повеќе од 10 години и кои често ги носеше на нејзините јавни настапи.
Кејт целиот стајлинг го заокружи со струкиран капут во темно зелена боја, кој е дел од линијата за есен 2015 година на модната куќа Sportmax.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Инстаграм - dukeandduchessofcambridgе
Ја освои Данска за миг: Кејт Мидлтон во сако од 3.500 денари и омилените црни класични панталони