Ја освои Данска за миг: Кејт Мидлтон во сако од 3.500 денари и омилените црни класични панталони
фото:Profimedia
Кејт Мидлтон вчера пристигна во дводневна самостојна посета на Данска, а погледите на Европа беа насочени кон внимателно одбраното издание на убавата војвотка во оваа скандинавска земја. И повторно никој не разочара!
За нејзината посета на Универзитетот во Копенхаген, Кејт избра еднобојна деловна комбинација која ги вклучуваше боите на данското знаме - црвена и бела.
Таа се појави во црни панталони со широки ногавици, а овој модел ѝ е еден од омилените, а ги надополни со бела кошула и впечатлива јакна.
Црвената твид јакна беше ѕвезда на овој аутфит, а сигурни сме дека можете да препознаете за кое парче станува збор. Ова е едно од најбараните парчиња на познатиот high street шпански бренд, а малку девојки и жени ширум светот, дури и кај нас, одолеа да не ја купат оваа практична, модерна јакна.
Нејзината цена е околу 3.500 денари, во понуда е втора година по ред, а ја има и во неколку други бои. Многу е ефикасена, што Кејт ни го покажа и на дело, и дава нота на луксуз на секоја комбинација. Ја краси добар, женствен крој, лесни ремени и многу актуелен материјал.
Војвотката од Кембриџ го комплетираше изданието со крокодилска чанта, салонки и прекрасен, дискретен комплет обетки и ланче со мали бисери.
Едноставно и софистицирано, нели?
извор:zena.blicфото:Profimedia
Така го прават тоа принцовите: Вака Вилијам ја изненади Кејт Мидлтон за Денот на вљубените
Кејт Мидлтон го слави 40-от роденден: Прикажана како кралица во фустаните на Александар Меквин (ФОТО)