ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов
Како наближува есента, а со тоа следува и се повеќе затворање во простории каде има поголем број луѓе на мал простор, епидемиолозите освен што стравуваат дека е можно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, опасноста од заболување од сезонски грип е исто така голема. Матичните лекари, како и специјалистите инфектолози и епидемиолози предупредуваат дека доколку едно невакцинирано лице во исто време се зарази и со Ковид-19 и со сезонска инфлуенца, може да настанат сериозни компликации. Во разговор за Фактор, епидемиологот Александар Стојанов, кој е долгогодишен експерт за вакцинација, смета дека дури и истовремено примање на двете вакцини, и против корона вирусот и против сезонскиот грип, нема да направи никаков здравствен проблем, напротив, како што вели, луѓето на овој начин се заштитуваат против двете инфекции.
-Сметам дека нема да има никаков проблем ако двете вакцини се примаат истовремено. На едната рака едната, на другата рака-другата вакцина. Вакцинита навистина се безбедни, тие не прават проблем. Луѓето ги правта проблемите и тоа од не знаење. Сакам посебно да потенцирам дека досега требаше сите да се вакцинираат против ковид. Не треба да се доведат луѓето во ситуација да чекаат да пристигне и сезонскиот грип, па сега да размислуваат за примање на вакцината и против кови и против грип. Но, ќе повторам, и да се примаат двете вакцини истовремено не е никакво оптоварување на организмот. И добро е да има интерес за вакцинација и против сезонскиот грип, бидејќи и онака епидемиолошката ситуација воопшто не ни е сјајна. Во моментов во Македонија имаме епидемија на ковид, но на невакцинирана популација. 90 проценти од заболените, од хоспитализираните, како и од починатите се невакцинирани граѓани, посочува епидемиологот.
Детали читајте на Фактор тука.