ВО ЕГИПЕТ Е НАЦИОНАЛЕН ПИЈАЛОК: Пијте го и вие затоа што е многу здрав

Добивај вести на Viber

Чајот од хибискус е многу корисен, помага за многу болести, а има примена и во препаратите за козметика.

Го исфрла вишокот вода од телото, претставува добар извор на железо, а го јакне и имунитетот, помага за добар метаболизам.

Се пие како освежителен пијалок во топлите летни денови, без разлика дали чајот  е ладен  или топол.

Овој чај е добар и за црниот дроб, а има и лаксативни својства.

Хибискусот старите Еѓипќани го користеле за лекување на респираторните и кардиоваскуларните проблеми.

Хибискусот претставува билка која е од најраспространетите видови на земјата. Многу од градините и собите во Азија се полни со цвеќиња од хибискус. Во Кина е познат како кинеска роза и претставува синоним за богатство, додека во Малезија претставува национално цвеќе. Во Египет, чајот од  хибискус е познат со векови како национален пијалок.