Во ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ лекарите се борат за уште еден млад живот: 35-годишен кавадарчанец две недели е во тешка состојба

Добивај вести на Viber

Лекарите во ГОБ „8 Септември“ се борат да му го спасат животот на млад пациент од Кавадарци. Директорот на болницата, д-р. Христијан Костов за Фактор вели дека таму се лекуваат најтешките пациенти, оние кои се во критична состојба, односно кои ја имаат најтешката форма на болеста.

-Пациентот од Кавадарци е хоспитализиран кај нас веќе две недели. Во многу тешка состојба беше донесен и е поставен на сипап. Би сакал да истакнам дека и овој млад човек има дополнителни коморбидитети, однсно има дијабет и е обезитас, односно има прекумерна тежина, вели директорот Костов за Фактор.

Инаку, во вчерашната статистика меѓу починатите имаше 30-годишна пациентка од Скопје, која исто така имала дополнителни коморбидитети, односно дијабетес и висок крвен притисок.
-Таа беше примена на 2.декември, со обилна пневмонија, и за жал по речиси 10-дневна борба почина, вели д-р. Костов.

Изминативе денови забележителен е бројот на починати млади луѓе од Ковид-19. Вчера почина 22-годишна родилка од Скопје.

А.Б.