Во ГОБ „8 Септември“ секоја изгубена секунда е изгубен живот: Раскажува интернист од Дебар

Добивај вести на Viber

Кој не влегол внатре, не знае каква е ситуацијата. Со овие зборови го започна разговорот, д-р. Драган Клопчевски, интернистот од Дебар, кој веќе од понеделникот е прераспределен во ГОБ „8 Септември“, најголемиот Ковид-центар во Македонија, за да помогне на своите колеги во борбата против корона вирусот.

Во разговорот за Фактор се обиде од најблиску да ја претстави вистинската слика за актуелната ситуација и за секојдневието со кое се соочуваат здравствените работници во оваа болничка установа.

-Оние кои не влегле внатре, не знаат како е. Во „8 Септември“ има најголем број пациенти заразени со вирусот. Болницата од првиот до осмиот кат е преполна со болни кои имаат најтешка клиничка слика. Само деветиот кат е оставен за дијализа, се останато е ставено во функција за пациентите со корона вирусот. Секојдневно примаме нови, за жал некои доаѓаат и веднаш ја губат битката со болеста, некој и се уште не влезени, не однесени на одделенијата. Станува збор за најризичните граѓани со многу други коморбидитети. Со претходно тешка здравствена состојба, со брохопневмонии, хипертензија, бубрежно болни пациенти, со дијабетес. Доаѓаат предоцна поради стигмата, да не бидат обележани дека биле заразени, но вирусот коси, не смее да се чека, не смее да се крие, вели д-р. Клопчевски.

Прераспределен е на одделението за интензивна нега, за што д-р. Клопчевски појаснува дека станува збор за една макотрпна, слика, крајно динамична, која постојано се состои во спасување човечки животи. Никогаш претходно не било вака, вели тој.

Целиот текст за д-р. Клопчевски и состојбата со Ковид-19 во Градската општа болница „8 Септември“ прочитајте ја на Фактор.мк