Во иднина ќе имаме повеќе топлотни бранови, повеќе пожари, а помалку врнежи

Поради климатските промени, во иднина ќе имаме повеќе топлотни бранови, повеќе пожари, а помалку врнежи. Сушите ќе бидат почести и ќе има потреба од често наводнување на земјоделските површини.

Метеорологот и експерт по климатологија, д-р Пеце Ристевски објаснува дека најголеми промени во земјава ќе има долж Повардарието.

„Сепак најголеми влијанија на климатските промени ќе се случат во субмедитеранското подрачје, односно долж Повардарието, во гевгелиско  - валандовскиот регион и во централните подрачја со умерена клима, каде се наоѓаат најсушните подрачја во Македонија, дури и на Балканот и се разбира во Европа. Исто така ќе има промена и врз вертикалната разместеност на климатските елементи со надморска височина каде ќе се случат промени и во зависност од надморската височина, и постои веројатност да се промени климата на планиските видови клими и тоа промена на климатско – вегетациона распределба на одредени шумски култури“, вели тој.

Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк