Во кој хороскопски знак се родени најбогатите луѓе во светот? Под ист знак се родени дури 27 милијардери

Дали знаете што се во хороскопот Илон Маск, Џеф Безос, Руперт Мардок...? Верувале или не, многу од светските милијардери делат хороскопски знак, а астролозите веруваат дека тоа им дава флексибилност и перфекционизам кои им донеле богатство.

Најуспешните луѓе на планетата несомнено го стекнале своето огромно богатство со образование и напорна работа, но понекогаш, како што обично се случува во животот, им била потребна мала помош од среќата.

Ако ги прашате астролозите, пресудна улога во тоа одиграл хороскопот, односно положбата на планетите во моментот на нивното раѓање, а интересно е што во случајот со милијардерите од најновата листа на „Форбс“ на најбогатите, еден хороскопски знак често се повторува...

3. Рак

Третото место им припадна на Раковите, чиј најбогат претставник е официјално најбогатиот Илон Маск.

2. Риби

Второто место по фреквенција го зазема Рибите, чиј најбогат претставник во светот е медиумскиот магнат Руперт Мардок.

1. Вага

Според странските медиуми, тоа е Вага, во овој знак се родени најголемиот број светски милијардери, од кои 27! Има смисла кога ќе земете во предвид дека тие се многу флексибилни, прилагодливи, перфекционисти и некој кој одржува рамнотежа на сите полиња.

Некои од познатите Ваги се Ралф Лорен, Стефан Персон, Лилиен Бетенкур и Алис Волтон.

Што е со официјално најбогатите?

Кога ќе ги погледнеме првите неколку места на листата на „Форбс“, ќе забележиме најразлични знаци.

Илон Маск - 219 милијарди долари - Рак

Џеф Безос - 171 милијарди долари - Јарец

Бернард Арно - 158 милијарди долари - Риби

Бил Гејтс - 129 милијарди долари - Шкорпија

Ворен Бафет - 118 милијарди долари - Девица

Лери Пејџ - 111 милијарди долари - Овен

Сергеј Брин - 107 милијарди долари - Лав

Лари Елисон - 106 милијарди долари - Лав

Стив Балмер - 91,4 милијарди долари - Овен

Мукеш Амбани - 90,7 милијарди долари - Овен

Интересно е тоа што на самиот врв нема Ваги, а Овните доминираат.


Фото колаж: Youtube - screenshoot/unsplash

Извор: глоси

Важни пораки од РУСКИОТ АСТРОЛОГ за секој знак во ХОРОСКОПОТ: Овие совети водат до голем успех дури и во невреме