Во Македонија дневно ќе бидат вакцинирани околу 2500 граѓани: Од утре и онлајн пријавување
Министерот за здравство Венко Филипче, по денешниот работен состанок во поликлиниката Бит Пазар детално појасни како ќе биде организиран процесот на вакцинација во Македонија. Посочи дека и кадарот и самите институции каде ќе се спроведува имунизацијата против Ковид-19 се целосно подготвени.
- Денеска разговаравме како ќе бидат организирани вакциналните пунктови. Сè ќе биде согласно распоредот, приоритетните групи, односно здравствените работници кои работат со ковид-пациенти. Веќе се имаат пријавено 4.000 здравствени работници, од кои 2.000 се во Скопје, а останатите од другите градови. Повозрасните граѓани ќе бидат регистрирани за вакцинација преку матичните лекари, односно преку системот МојТерминм нагласи министерот Филипче.
Во однос на тоа каде точно ќе има пунктови за имунизација против Ковид-19, министерот истакна дека ќе бидат активни повеќе пунктови во скопските поликлиники, каде ќе се работи во 2 смени.
Детали на Фактор.мк