„Во нашите животи дојде од чиста љубов“: Сашка Веселинов искрено за бракот, Александар и како се снаоѓа со улогата на мајка
Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, Сашка Веселинов Ѓоковиќ проговори за својот брачен живот и за врската со наследникот Александар
Водителката и дизајнерка Сашка Веселинов и Ѓорѓе Ѓоковиќ неодамна го крстија својот наследник Александар на денот на нивната прва годишнина од бракот.
Малиот Александар во март оваа година им го разубави семејниот дом и ја зголеми среќата и љубовта и оттогаш, како во животот на сите родители, ништо не е исто, туку поубаво и поблагородно.
Летово го искористија максимално да уживаат, а деталите од одморот Сашка ги сподели со тамошните медиуми.
- Прво бевме во Грција, на Миконос, со сестра ми и идниот девер. Тоа патување ќе ми остане засекогаш во сеќавање, бидејќи присуствував на веридбата на сестра ми. Беше многу романтично, на брод и со зајдисонце. После тоа отидовме во Црна Гора и таму останавме еден месец - изјави Сашка.
Друштво на одморот им правеле нејзините родители кои им помагале со Александар.
- Наизменично ни се придружуваа моите родители. Кога мама беше на море, тато се грижеше за мојот папагал Пипи во Белград. Во оваа смисла имавме помош, но Александар е навистина добро бебе и немаме проблеми дури и кога сами се грижиме за него. Често сме надвор од дома со него. Така што не ни е непознато, а тоа е и наше задоволство.
Иако често се зборува за тоа дали мажите помагаат или не за бебето, Сашка вели дека тоа не може да го разбере.
- Често слушам како жените велат: „Мојот сопруг не помага за детето“. Не можам да ги разберам тие жени и како воопшто се согласуваат на врски во кои не се подразбира взаемна грижа за детето?! Во нашиот случај, Александар влезе во нашите животи од чиста љубов. Едвај чекавме да го запознаеме, па заедно ги извршуваме сите обврски околу него. Сметам дека е нормално и природно.
Младата мајка признава дека односот меѓу неа и нејзиниот син е навистина посебен.
- Навистина уживам во секој момент со Александар, вљубена сум во нашата врска. Често се случува да го разбудам со бакнежи, не можам да ја објаснам таа врска меѓу него и мене. Но, јас сум навистина многу млада, имам само 23 години и не се брзам. Секако, ќе бидам среќна доколку нашето семејство се прошири во иднина – изјави таа.
Со доаѓањето на детето, врската меѓу неа и нејзиниот сопруг Ѓорѓе само станала подобра и подлабока.
- Нашата врска е многу подлабока и поискрена, а работите како моите фотографии на Инстаграм никако не можат да го оштетат она што го имаме. На крајот на краиштата, тој е оној кој ме фотографира. Јас и Ѓорѓе, всушност, сме многу слични. И двајцата сме хедонисти, па кога си правиме изненадувања веќе уживаме во самиот процес - рече Сашка и додаде:
- Најмногу ми значи тоа што до мене имам личност на која можам да се потпрам во секое време! Разликата е само во нашите карактери. Јас сум подиректна во комуникацијата и темпераментна, додека тој е посмирен и има многу повеќе трпение. Секој ден учиме и растеме во нашата врска. Најголемиот успех е што успеавме да изградиме вистинско пријателство, кое е одлична основа за воспитување на нашето дете во иднина.
Извор: glossy.espreso.co.rs