Среќата кратко траеше: На сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ ѝ е дијагностицирана болест
Здравјето на Сашка Веселинов е нарушено, неодамна ѝ беше дијагностицирана болест, ова се деталите...
Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, Сашка Веселинов неодамна го роди синот Александар, а набрзо по породувањето ја врати и својата сатра витка линија.
Сашка на Инстаграм се пофали со своето витко тело, по што доби голем број навредливи коментари.
„Како успеа да се здебели 21 килограм на вегетаријанска исхрана? Секоја девојка која ќе се здебели повеќе од 13 килограми за време на бременоста не се грижи за себе или има некаков проблем со шеќерот, хормоните“, напишал еден од следбениците, не ни сомневајќи се дека здравјето на Сашка Веселинов навистина е нарушено.
Здравјето на Сашка Веселинов загрижи многумина
Имено, на Сашка Веселинов ѝ била дијагностицирана автоимуна болест Хашимото, за што подетално ги поучи своите следбеници.
„Прво и основно, многу е важно чувството на срам да се врати во секојдневниот живот. Не доликува жена, мајка, која штотуку родила и чиј живот е целосно променет, да кажува такви работи и со тоа да врши притисок, како и да влијае на низа психолошки проблеми кои можат да се појават“, напиша Сашка.
„Всушност, како што ви напишав, ослабев 15 килограми веднаш, а таа состојба ме наведе да закажам прегледи и да откријам каде е проблемот, имајќи предвид дека и пред бременоста често имав проблеми со задржување на водата.
Бев отсутна неколку дена бидејќи дознав дека имам автоимуна болест, попозната како Хашимото. Станува збор за забавена работа на тироидната жлезда.
За да не пишувам поопширно, ниту моментално сум расположена за вакви теми и се трудам да го извлечам најдоброто од ситуацијата, секогаш кога некому ќе му напишете порака која содржи навредлива содржина, знајте дека можеби сте само последната капка која ќе ја прелие чашата за некого. Срам да ви е“, напиша револтираната снаа на семејството Ѓоковиќ.
Извор: www.gloria.rs