Во нив нозете изгледаат повитки и подолги: Ова е единствениот модел на чизми што ќе ви требаат оваа зима!

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Shuterstock

Лесно се вклопуваат во сите стилови, може да се носат во безброј прилики, а во нив нозете изгледаат послабо. Со еден збор - совршени

И оваа година чизмите над колена се апсолутен хит. Оваа зима на врвот на модната листа се оние од кожа, а модните експерти едногласно се согласија дека црнитесе без конкуренција оваа зима.

Значи, доколку не сте го набавиле овој модел, крајно време е. Претстојната зима е незамислива без нив.

Најдобро се комбинираат со плетени фустани или со дуксер-фустани, но не помалку ефективно изгледаат и во комбинација со фармерки или хеланки. Друг плус е тоа што во нив нозе изгледаат послабо, особено ако изберете модел со високи потпетици.

Тие се дефинитивно парче во кое вреди да се инвестира. Модните експерти велат дека нивната популарност нема да опадне ниту во текот на следната година.

Еве како можете да ги носите:


ГАЛЕРИЈА: 

Фото: Инстаграм/ pinterest