Во новата модна линија: Ивана Кнез раскажува приказна преку позитивни слогани

Добивај вести на Viber

Урбана, минималистичка, уникатна - се' во едно е новата модна линија на Ивана Кнез - сопственичка и моден дизајнер на Драма Студио.

Женската линијата, која е продолжување на Lovecats колекциите, е достапна за секого, со акцентирање на идеологијата дека секому е потребно мало парче љубов.

Новитет е машката линија, за која Ивана Кнез вели дека допрва ќе ја разработува и проширува. 

Двете линии се соединуваат во сетови за него и за неа

„Се одлучив да не пратам трендови, престануваме со сезони, ќе работиме на теми и главен фокус ќе е позитивната енергија“ - вели Ивана Кнез, а тоа е токму она што ни е најпотребно во ова време.

Со испишаните, позитивни слогани и натписи за љубовта на овие модни парчиња, сигурно ќе разубавите нечиј ден.

Парчињата ќе ги најдете онлајн, на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и на Групер.


Модели: Наташа, млада ветеринарка од Вет Центар Скопје и Димче, сопственик на Enjoy Shisha bar 

Фотограф: Ненад Тас