Во оваа чантичка е целта на нашето постоење: Фан ја исмеа Карлеуша

Дека скоро се‘ што е тренд од облека можеме да видиме на неа не е спорно. Дека таа ги движи на Балканот тредовите исто така не е спорно, ама една мала чантичка стана спорна. 

Српската музичка дива Јелена Карлеуша постојано постира фотографии од нејзиниот стил, секогаш уникатен. Во една прилика носеше минијатурна чанта на брендот Луис Витон, а сега повторно ја експонираше и тоа ставена на горниот дел од нејзината рака. На могумина често им смета она што го презентира, па еден фан саркастично ѝ пиша дека во оваа чантичка е целта на нашето постоење... 

Ама едно е сигурно... за кратко време ќе видиме многу девојки како носат вакви чантички...фејк или оригинал...