Во последен момент се породив со царски рез, бев заразена со Ковид: Водителката Милена ужива со двете ќерки

Добивај вести на Viber

На празникот Василица, еден ден по нејзиниот роденден, водителката од Канал 5 Милена Антовска- Станковска ја роди Јоана. Лана Марија, нејзината постара ќерка која во август ќе наполни пет години е пресреќна што има сестра, а сопругот на Милена, Гордан, уште една ќерка.

Веднаш по породувањето, Милена за Женски магазин раскажа дека било доста потешко од првиот пат, а причината е тоа што во моментот кога ја родила Јоана, таа била заразена со Ковид 19.

Како оптимист по природа, Милена за ова искуство накратко се сеќава, и вели дека е среќна што поминало. За првпат во јавноста, Милена споделува слика од малата Јована, која ужива во прегратките на својата постара сестра. 

- Породувањето беше поразлично отколку со Лана Марија. Овојпат мораше да се породам со царски рез, затоа што во последен момент Јоана се сврте, но најважно беше таа да биде добра, па така и беше. Си родив живо и здраво бебенце После тоа беше тешко додека закрепнав и станав на нозе, но и тоа помина, се заборава. Имав Ковид да, среќа без симптоми, па некако не бев премногу исплашена, но знам дека моите дома беа загрижени, но ете и тоа заврши“, раскажува Милена која во моментов е на породилно отсуство.

Во последно време, таа е присутна на настани и промоции и изгледа одлично, што е коментар и нејзините пријатели и соработници.

Водителката со радост го сподели своето секојдневие со нас:

- Јоана има четири ипол месеци, Лана Марија премногу ја сака. Цело време сака да ја гушка и бакнува, но нормално, некогаш е и љубоморна, но тоа повеќе е насочено кон мене, нормално затоа што сега тееба да ме дели.

Дома ми е интересно, хахаха.Среќа, имам помош околу чувањето на децата инаку навистина не би можела многу да излегувам сама. Среќа што Лана Марија почнува во градинка и тоа ќе биде пред се’ најдобро за неа, па ќе можам повеќе да ѝсе посветам и на Јоана“, вели Милена и го коментира нашето прашање: дали како повеќето млади мајки има грижа на совест кога излегува од дома и треба да се оддели од децата?

- Грижа на совест немам, бидејќи излегувам онаму каде што навистина треба и сакам да бидам и да се појавам. Не сум отсутна премногу часови и тоа е кога Јоана спие, Лана Марија е веќе големка. Но, нормално, каде и да сум постојано ми се во мислите“, ни раскажа Милена. Од есен, таа треба да им се врати на своите работни обврски.

- На работа треба да се вратам некаде во октомври, така што имам цело лето пред мене за уживање. Јоана е навистина златно бебе што би се рекло. Јаде и спие. Сега нормално почнуваат оние фази каде што осознава се повеќе за себе и светот околу неа, па повеќе внимавам, зборувам, објаснувам“, вели среќната мајка.

М.Џаровска

Фото: В.Тануровски, приватна архива