Во шишките гледа нова шанса: Познатата водителка Марија Килибарда размислува да го промени имиџот

Една од најубавите Србинки е во дилема дали да си направи шишки...

Водителката Марија Килибарда (40), која на македонската јавност ѝ е позната од шоуто „Твоето лице звучи познато“, полни 20 години е препознатлива по природната убавина, неодоливата насмевка и вулканската позитивна енергија, колку што ја има на телевизија.

На нејзината појава никој не останува имун, па редовно добива голем број комплименти на сметка на својот изглед, без разлика дали е скоцкана од глава до петици или е во потполно природно издание, кое приватно го преферира.

View this post on Instagram

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)


Заштитен знак на Марија е и прекрасната, здрава и долга коса. Иако не е склона кон трансформации, преубавата водителка пред повеќе години носеше шишки.

Таа сега се наоѓа пред нова промена на имиџот, но бидејќи не е сигурна дали шишките ѝ се најдобро решение, па побара помош од своите следбеници на Инстаграм пред да ја донесе конечната одлука. 

„Нова шанса за шишки?“ - ги праша таа своите следбеници, по што следуваше и лавина од коментари.

View this post on Instagram

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)

„Шишките ти стојат многу ретро! Дефинитивно дај им шанса“, „Тебе сѐ ти стои убаво“, „Холивудски“, „Совршено“, „Шишките се закон особено кога ќе се влезе во некои години... помладуваат и даваат некој посебен шмек“ - се само некои од коментарите во кои ја поддржуваат промената на Марија. По овој повод се огласи и актерката Јелена Гавриловиќ, која ѝ порачи дека на неа ѝ се допаѓаат шишките.

Од друга страна, дел од следбениците мислат дека сепак е најдобро Марија да се откаже од таа идеја.

„Од своето богато искуство со шишки да ти кажам - не се впуштај повторно во тоа. Оди скокај со падобран или нешто слично“ - ѝ напиша една обожавателка.