,

Во Skopje City Mall мебел и додатоци за домот со промотивни цени

Добивај вести на Viber

Од денеска па се до 15ти мај во сите продавници во Skopje City Mall кои во продажниот асортиман имаат мебел и додатоци за домот, започнува акција со неверојатни понуди. Акцијата наречена HOME, ќе трае цел месец и ќе понуди мебел, теписи, постелнини, најразлични украси, садови за домаќинство и други производи за домот, со докажан квалитет и од познати и реномирани производители, а по многу пристапни цени.

HOME продажната кампања е иницирана од Skopje City Mall којшто со своите капацитети им излегува пресрет на потребите на потрошувачите со понуда на мебел и додатоци за домот со примамливи услови.

Со организирање на оваа акција се исполнува една голема празнина што се почувствува на пазарот со отсуство на соодветен саем за мебел. Затоа, заедно со нашите закупци кои се застапници за познати и реномирани брендови од сегментот за уредување на домот и дизајн на ентериери, се здруживме со цел да ја создадеме HOME кампањата со која во текот на целиот месец, локали учесници кои продаваат мебел и додатоци за домот на посетителите ќе им понудат широк асортиман на производи со промотивни услови. Веруваме дека со организирање на оваа акција ќе одговориме на потребите на потрошувачите кои толку многу ги очекуваат саемските промоции на овие елементи за домот, а успешноста на акцијата ќе помогне HOME кампањата да прерасне во редовен годишен настан“, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Во Skopje City Mall се лоцирани продажни салони на неколку интернационални брендови кои се истакнуваат со автентичност во дизајнот, високиот квалитет и богатиот и широк асортиман на производи кој буквално ги задоволуваат сите потреби на домаќинствата. Учесници во кампањата се брендовите: CoinCasa, Ecotip, JYSK, Kares, Ramstore, Galerija, ICS Group, NEFA, Top Shop, TAC и Lusso.

Во овие локали ќе може да се најдат производи наменети за кујна, спална соба, бања, градина и домот во целина, со интересен и софистициран стил и дизајн. Тие нудат уникатни и квалитетни парчиња мебел, кревети, трпезариски маси, столици, најразлични полици, елементи за уредување на бањи, градини, но и постелнини, уникатни садови за домаќинство, најразлични украси, мали додатоци за домот и многу други нешта кои пленат со својот квалитет и функционалност.

За потребите на кампањата изработен е посебен ексклузивен каталог кој можете да го погледнете на линкот.