Во стилот на Џеки Кенеди: Сите зборуваат за изгледот на Северина (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена официјално беше отворен Филмскиот фестивал во Сараево, на кој се појавија голем број славни личности.


Меѓу нив на црвениот килим најголемо внимание привлече Северина, на која друштво и правеше сопругот Игор Којиќ.


Како и секогаш, пејачката буквално доминираше на отворањето на фестивалот и тоа во аутфит и фризура, кои потсетуваат на стилот на Џеки Кенеди. 


За оваа пригода, Северина одбра фустан со панделка на средината, која не продолжува на задниот дел, односно е со гол грб. Изгледот го комплетираше со минималистичка чанта во впечатлива зелена боја и сандали на висока потпетица со отворени прсти. 

Во однос на косата, пејачката одбра фризура со едноставни локни на долниот дел, но и минимална шминка, која совршено се совпаѓа со целосниот изглед.