Водителката Сања Савеска и нејзиното момче на најромантичната тврдина од чиј поглед застанува здив: Му се насладуваат на летото

Добивај вести на Viber

Водителката од „Брза кујна“ Сања Савеска летниот одмор го поминува во соседна Грција. Како обожавател на патувањата, Савеска со долгогодишното момче Томи биле во посета на преубавиот остров Нафпилон.

Таму ја посетиле тврдината Паламиди, која како што пишува Сања е круна на преубавиот Нафпилон.

-Круна на преубавиот Нафпилон е тврдината Паламиди, која се издига на 216 метри над морето а до неа водат 999 скали. Многу историја на едно место. 

Денес можеби најромантичната тврдина, од чиј поглед застанува здив. Место кое едноставно сакаш да го посетиш повторно.-напиша водителката објавувајќи притоа неколку фотографии на кои е заедно со нејзиното момче.


Водителката Сања Савеска и нејзиното момче на најромантичната тврдина од чиј поглед застанува здив: Му се насладуваат на летото