Војвотката добива лавина негативни коментари: Зошто Кејт Мидлтон предизвика гнев кај јавноста? (ФОТО)
Кејт Мидлтон успеа да добие лавина негативни коментари и тоа само поради изборот на стајлинг.
Војвотката успеа да го разбуди гневот на многу луѓе со изборот на стајлинг. Имено, добро е познато дека војвотката во текот на годината неколку пати се појавува на јавни собири во исти фустани, во парчиња облека со прилично ниска и скромна цена, и речиси секогаш можеме да ја видиме во брендирана облека по пристапни цени.
Со оглед на тоа дека со години гради имиџ на скромна војвотка, ваквиот избор на стајлинг го разбесни мнозинството.
Кејт овој пат се фотографираше во џемперот на модната куќа „Миу Миу“, чија цена се движи меѓу 2.000 и 2.500 евра.
Веднаш откако фотографиите го здогледаа светлото на денот, следеа негативни коментари:
„Дали е таа истата Кејт која е скромна и не ѝ е гајле каква гардероба носи“, „За тие пари можела да купи автомобил“, „Во ред е да носиш скапи парчиња, но тогаш не треба да пропагира скромност“, може да се прочита на социјалните мрежи.
извор:Stil.kurir.rs
фото:printscreen/instagram