Враќање на Џони Деп и спој на уметност и гламур: Почнува канскиот фестивал, а ова е сѐ што треба да знаете оваа година
Во пресрет на официјалното отворање на Канскиот филмски фестивал, ви претставуваме листа на остварувања кои ќе бидат во трка за Златната палма и кратка историја на фестивалот
Овогодинешниот Кански фестивал започнува на 16 мај, денес, со премиера на филмот Jeanne du Barry, во кој главните улоги ги толкуваат Џони Деп и Мејвен, кои се потпишаа и на режијата, сценариото и продукцијата. Фестивалот ќе трае до 27 мај, кога ќе биде затворен со анимираниот филм „Елементи“.
Меѓународниот филмски фестивал во Кан е познат како еден од најголемите фестивали во светот, а основан е во 1939 година како алтернатива на меѓународниот филмски фестивал во Венеција.
Канскиот фестивал се одржува секоја година од 1946 година, со исклучок на 1948 и 1950 година, кога беше откажан поради недостаток на средства. Тој е познат по внимателно избраната програма на филмови кои продолжуваат да освојуваат Оскар, како и по започнувањето на големи кариери, како онаа што ја изгради Квентин Тарантино.
Оваа година во трката за Златната палма, највредно признание во Кан, ќе имаат филмови:
"Club Zero" – Џесика Хауснер
"The Zone of Interest" - Џонатан Глејзер
"Kuolleet Lehdet" („Паднати лисја“) – Аки Каурисмаки
„Les Filles d'Olfa“ - Каутер Бен Ханија
"Asteroid City" – Вес Андерсон
„Anatomie d'une Chute“ – Џастин Триет
"Kaibutsu" – Коре-еда Хироказу
„Il Sol dell' Avvenire“ – Нани Морети
„L'ete dernier“ – Кетрин Бреја
"Kuru Otlar Ustune" – Нури Билге Џејлан
"La Chimera" – Алис Рорвачер
„La Passion de Dodin Bouffant“ – Тран Ан Ханг
"Rapito" – Маркло Белокио
"May December" – Тос Хејнс
"Qing Chun" – Ванг Бинг
"The Old Oak"– Кен Лоуч
"Banel e Adama" – Рамата-Тулаје Си
"Perfect Days" – Вим Вендерс
„Firebrand“ – Карим Аинуз
"Black Flies" – Жан Стефани Совер
„Le Retour“ – Кетрин Корсини
Досега Златната палма ја добија филмовите „Таксист“, „Апокалипса сега“, „Петпарачки приказни“, „Пијанистот“, „Паразит“ и многу други, а ова признание го добија само две режисерки - Џејн Кампион и Јулија Дикурно за „Пијано“ и „Титан“. Други награди вклучуваат Гран-при, Награда на жирито, најдобар режисер, најдобар актер, најдобра актерка, најдобро сценарио и најдобар краток филм.
Минатогодишниот добитник на Златната палма беше филмот „Триаголник на тагата“.