Време ти е за бебе, ќе бидеш најубава мајка: Ноне Неделковска со досега неоткриени детали за себе

Добивај вести на Viber

Ноне Неделковска, која одамна не се занимава со пеење, но секогаш е интересна за јавноста, по осум години работа на брод како советник за убавина во фришоп, сега се наоѓа во својот роден Велес.

„Бев на моето омилено место, на Канарските острови. Кога си одев од бродот, ситуацијата беше затегната. Дел од патниците заминаа во карантин на Тенерифе. На аеродромот немаше никакви посебни мерки за превенција, сè беше нормално. Исто така и во Истанбул на аеродром немаше никакви превентиви ниту пак проверки. Единствено кога стигнав кај нас, вработените од пасошката носеа маски и ракавици и не прашуваа од каде патуваме. Имаше личност која мереше температура на сите нас кои што стасавме во Македонија“, изјави Ноне за Женски Магазин на крајот на месец март.

Вчера Ноне на својот профил на Инстаграм им дозволи на следбениците да ѝ поставуваат прашања за се што ги интересира, бидејќи ѝ било досадно.

Дел од одговорите беа поздрави, дел зезање на сметка на Ноне, но имаше и онакви кои не заинтересираа посебно.

Имено Ноне откри дека ѝ е време да стане мајка, иако не кажа дали моментално има партнер.

Таа откри и дека можеби наскоро ќе се врати со нова песна.