Врвен стил, совршено момче, среќа во очите: Адријана Лима е жена која има сѐ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Бразилскaта суперманекенка Адријана Лима (40) се појави на гала прослава во Лос Анџелес. Штом стапна на црвениот тепих, сите погледи беа вперени во неа, и тоа од повеќе причини.

Сите го оценија нејзиниот стајлинг како врвен - краткиот и струкиран беж фустан ја истакна нејзината беспрекорна фигура, а допир на сексапил додаде долгиот кожен капут во боја на коњак и сандали во беж боја.



Драматичната шминка дополнително го нагласи сексапилот на атрактивната Бразилка, а насмевката, која откри чиста среќа, беше уште една причина за коментари на сметката на Адријана.

foto: Profimedia

Имено, таа пристигна на црвениот тепих во придружба на своето ново момче, филмскиот продуцент Андреа Л III (40), чија љубов и внимание очигледно и се многу пријатни.

Таа не ја испушти неговата рака цела вечер, а среќата што се рефлектира на нејзиното лице кажува само едно - Адријана Лима е жена која има сѐ.


foto: Profimedia/Instagram