Втората руска вакцина дури 100% ефикасна: Ја надмина и Спутник V

Добивај вести на Viber

Вакцината против ковид-19, позната како EpiVacCorona, втората руска вакцина, се покажа како „100 процентна ефективна“ во раните фази на испитувањето, соопшти рускиот Роспотребнадзор.

Податоците, засновани на испитувања во фаза I и II, беа објавени пред почетокот на поголемото испитување во фаза III, што обично споредува илјадници учесници и плацебо група, пренесува Ројтерс. Фаза 3 се во тек и веќе дава одлични резултати.

„Ефективноста на вакцината се состои во нејзината имунолошка и превентивна ефикасност“, објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на Роспотребнадзор.

„Според резултатите од клиничките испитувања во фаза I и II, имунолошката ефикасност на EpiVacCorona е 100%“.

Истражувањата во фаза I и II ги тестирале безбедноста, несаканите ефекти и имуногеноста на потенцијалната вакцина кај 100 лица од 18 до 60 години, според државниот регистар на испитувања.

Русија во ноември започна со тестирање на вакцината EpiVacCorone, развиена од институтот Вектор во Сибир.

Претходно тој месец, Москва соопшти дека нејзината одобрена вакцина Спутник V е 92% ефикасна во заштитата од ковид-19 врз основа на привремени резултати.

EpiVacCorona ќе се користи за масовна вакцинација од март, изјави вицепремиерката Татјана Голикова за новинската агенција Интерфакс.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека започнала со разгледување на документацијата за руската вакцина „Спутник V“, со цел да ја одобри лиценцата за употреба во Европската унија, пренесува Ројтерс.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави дека ЕМА ќе ја процени усогласеноста на вакцината со стандардите на ЕУ кога станува збор за ефикасноста, безбедноста и квалитетот.

Извор: N1