За чевлите кои Кејт Мидлтон ги носеше на Вимблдон полудеа жените ширум светот: А кога ќе прочитате колку чинат ... (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Во финалниот меч на Вимблдон се пресметаа Новак Ѓоковиќ и Ник Киројс, во кој секако победи српскиот ас, а со тоа го однесе и седмиот трофеј на овој турнир, а многумина ги следеа и членовите на кралското семејство кои уживаа на трибините. Иако Јелена Ѓоковиќ од ден на ден воодушевуваше со своите стилови, Кејт Мидлтон ги облече чевлите за кои од тогаш не престанува да се зборува.


Имено, таа лично му подари уште еден трофеј на првиот рекет на светот, а сите жени воздивнаа не само поради шармантноста на Новак, туку поради уште еден феноменален стајлинг на војвотката. Таа беше лежерно, но елегантно облечена во нејзин стил, онака како што треба да се облекува член на кралското семејство. И, иако фустанот на туфни беше хит, погледите на сите им беа вперени во чевлите.

Станува збор за модел на чевли што е целосно во стилот на Кејт - префинет, но сепак секси. Кој не би ги посакал овие вистински летни мокасини со отворена потпетица и смел тенок ремен?

Може да се најдат на еден познат сајт за купување луксузни модни парчиња, а дознавме дека се работи за брендот Алесандра Рич, а особено е интересно што цената на истите не порасна вртоглаво, се разбира за војвотката, а изнесува 539 долари, односно нешто повеќе од 33.000 денари.





Едното ремче го покрива ѓонот и сите што го носат овој модел на салонки знаат колку овој мал додаток го олеснува одењето. Белата боја е основата, а врвот е црн. Исто така, интересен детаљ е што ѓонот е изработен во иста боја, како и внатрешниот дел од петицата. Така, можеби на прв поглед изгледаат обични, но Кејт знае што носи и колку подолго ги гледаме, толку повеќе се заљубуваме.



Фото: Инстаграм Screenshot

Војвотката Кејт му го врачи седмиот Вимблдон трофеј на Ѓоковиќ: Малиот принц Џорџ воодушевен од Новак, навиваше за него (ВИДЕО)