(ВИДЕО) За Федерер и Ѓоковиќ не важат исти правила: Еве што се случи кога Роџер го удри собирачот на топки

Швајцарецот не беше ни опоменет за овој инцидент

Тенискиот свет се уште е во шок по скандалозната одлука на УС Опен за дисквалификација на Новак Ѓоковиќ, откако тој случајно го погоди линискиот судија за време на мечот со Пабло Карен Буста. Правилата во овие ситуации очигледно може да се применат произволно, а одлуката на УС Опен беше најдрастична можна - дисквалификација.

Во Њујорк веќе имавме пример пред околу десетина дена, кога словенечкиот тенисер Алијаж Бедене беше само предупреден откако со топка го погоди снимателот. Снимателите и собирачите на топки се во ист ранг со судиите кога станува збор за удирање со топки, но Бедене имаше среќа да погоди нормален човек, кој не направи драма и прифати дека случајно го погодија.

Роџер Федерер имаше слична ситуација пред неколку години на Австралија Опен, кога го погоди собирачот на топки во главата. Сепак, тој тогаш не беше ниту предупреден, а камоли нешто повеќе!

Дисквалификацијата не беше ни разгледана, додека ситуацијата со Новак беше сосема поинаква. Правилата, очигледно, не се исти за секого!