Тежок ден за Новак Ѓоковиќ: Многу ми е жал. Не беше намерно. Не беше во ред

Прв пат после шест години светски првак во тенис нема да биде ниту Федерер, ниту Надал, а после инцидентот од вчера ниту Ѓоковиќ. 

На најдобриот тенисер во светот му беше одземено правото да се бори за титулата во Њујорк и нема сомнение дека оваа одлука ќе предизвика тектонски нарушувања во светот на тенисот.

Ѓоковиќ вчера беше дисквалификуван од турнирот по одлука на судиите затоа што тенисерот ја удри линиската судика со тениското топче.

Новак Ѓоковиќ беше избркан од УС Опен по скандалозната одлука на организаторите, кои решија да го суспендираат откако случајно ја погоди судиката.

Жената која беше зад теренот беше погодена од топката во главата откако Новак случајно ја фрли топката во нејзина насока по добриот сервис и ас што го имаше.

Тоа е нешто што тенисерите вообичаено го прават по поени, кога враќаат топки, а Новак беше фрустриран од неколку лоши потези претходно, па ја фрли топката малку посилно.

Бидејќи беше диквалификуван, Ѓоковиќ ќе ги загуби сите рангирани поени освоени на УС Опен и ќе биде казнет со паричната награда освоена на турнирот, во прилог на некоја или сите изречени казни во врска со инцидентот.

„Целата оваа ситуација ме прави навистина тажeн и празен. Проверив како се чувствува линиската судика и според информациите што ги добив, таа се чувствува добро, фала му на Бога. Не можам да го откријам нејзиното име за да ја зачувам нејзината приватност.
Многу ми е жал што и предизвикав таков стрес. Не беше намерно. Не беше во ред.

Ова непријатно искуство, дисквалификација од турнирот, сакам да го претворам во важна животна лекција, за да можам да продолжам да растам и да се развивам како личност, но и како тенисер.

Им се извинувам на организаторите на УС Опен. Јас сум многу благодарен на мојот тим и семејството што ми дадоа силна поддршка, како и на моите навивачи бидејќи тие се секогаш со мене. Ви благодарам и жал ми е. Ова беше тежок ден“ - се огласи синоќа Новак на социјалните медиуми.