За неа не постои табу: Најмладата од сите Кардашијанки искрено за постпородилната депресија: „Плачев без престан“

Добивај вести на Viber

Кајли Џенер искрено зборуваше за борбите што доаѓаат со породувањето

Оваа 25-годишна девојка е мајка на 4-годишната Сторми и на син чие име не го знаеме со месеци. Двете деца ги доби со нејзиниот партнер Тревис Скот.

На почетокот на оваа година, таа искрено зборуваше за борбите со кои се соочила како мајка. Таа уште подлабоко навлезе во темата во новата епизода на „Keeping Up with the Kardashians“.

Кајли сподели како патела од она што го нарече „бејби блуз“ по раѓањето на нејзиниот син, што всушност е поблага форма на постпородилна депресија.

- Првите три недели плачев без престан цел ден, изјави во емисијата, а пренесува TMZ.

- Тоа е само „бејби блуз“ и потоа некако исчезнува. Тоа го имав и со Сторми.

Па, додаде дека во тој период лежела во кревет, бидејќи многуја болела главата.

Ѕвездата раскажа и како бременоста го променила нејзиното тело и како се чувствувала за промените.

- Се чувствувам навистина добро со моето тело. На пример, го гледам своето тело и го сакам своето тело, моите попуштени гради, откри Кајли.


Фото: Профимедиа