За првпат во животот Атиџе прославува роденден: Сузана Турунџиева ѝ подготвува тродневно славење

Добивај вести на Viber

Медената Атиџе полни 57 години.

„Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење“, напиша Сузна Турунџиева во описот на видеото каде ѝ пее роденденска песна на Атиџе и заедно ги дуваат свеќите на тортата. Сузана напомена дека ова е само генерална проба и ѝ го честиташе 57-от роденден на медената Атиџе.



Судејќи по описот на видеото, Сузана подготвува и други изненадувања за нејзината пријателка, но останува да видиме за што станува збор.

Инаку, веќе неколку месеци, Турунџиева активно се дружи, ја поддржува и ѝ помага на Атиџе.
Токму пред новогодишните празници, познатата водителка и пејачка, се потруди со сите можни средства да ѝ помогне на Атиџе, организирајќи хуман настан. Женски магазин присуствуваше на настанот, а таму Атиџе ја откри нејзината скромна новогодишна желба.

Може да ве интересира:


-(ФОТО) Одличен викенд во Скопје: Атиџе и Сузана Турунџиева заедно на прошетка, шопинг и настан
-(ВИДЕО) Кафе, прегратки, песна и смеа: Како помина дружбата на Атиџе и Сузана Турунџиева