На Викторија Бекам би ѝ дозволила да ми го преуреди гардероберот: За стилот со Андреа Илоска

Добивај вести на Viber

Преферира црна боја и црвен кармин, а заштитен знак ѝ е нејзината долга темнокафена коса

Андреа Илоска е сопственик и генерален менаџер на познатиот хотел „Инекс Олгица“ во Охрид, дама со свој изграден стил и парчиња кои ја отсликуваат нејзината личност и визија.

Токму за својот моден вкус, таа открива дел од својот гардеробер за публиката на Женски Магазин.

* Дефиниција за стил?

- Потпис на личноста.

* А, Вие стилски се дефинирате како...

- Слободен дух кој истовремено тежнее кон софистицираност и практичност.

* Што е пресудно за добар стил?

- Израз на храброст и сопствен печат на секој „outfit“.

* Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?

- Комбинирам во зависност од моментот и вибрацијата.

* Минимализам, хедонизам, авангарда?

- Минимализам – можам да се пронајдам во повеќе стилови, но основата да е сепак минимализам.

* Гламур или класика?

- Класика.

* Омилени нешта од вашата облека?

- Хеланки, костум, високи потпетици и патики, а добар часовник е „must have!”.

* Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?

- Не е пресудна етикетата, но ако се препознаам во приказната на актуелната колекција на одреден бренд си дозволувам такво задоволство.

* Што сакате да постигнете со вашиот стил?

- Уникатност со дозирана нежност.

* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?

- Секоја позитивна или негативна критика е добредојдена.

* На кој дизајнер би му дозволиле да ти го преуреди гардероберот?

- Викторија Бекам.

* Што облекувате денски, а што навечер?

- Во зависност од обврските и расположението. Секако сметам дека треба да постои разлика помеѓу дневен и вечерен „outfit“.

* Дали експериметирате со косата и шминката?

- Не многу, тоа е дел од мојот стил по кој сум препознатлива.

* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед.

- Црна боја, црвен кармин и нема грешка! 


*Д.Караташова Илиоска

Фото: Приватна архива