За стилот со Ива Милошевска: Ако нешто мразам, тоа се наметнати „калапи“ во стилот

Добивај вести на Viber

Преферира накит и чанти, и вели дека со нив и наједноставната модна комбинација може да изгледа шик

Сопственичката и менаџер на ексклузивниот италијански накит „Rebecca“ во Македонија, Ива Милошевска, специјално за „Женски магазин“ открива дел од својот гардеробер.

Кои се нејзините омилени парчиња облека и што за неа значи стилот, откријте во продолжение.

* Дефиниција за стил?

- Начин на живеење, на однесување и на уникатно естетско изразување на една личност.

А, Вие стилски се дефинирате како...

- Eдноставна и одмерена личност, со посебна почит кон уметноста, културата и убавото однесување.

* Што е пресудно за добар стил?

- Рафинираноста, космополитизмот и вроденото чувство за убавина.

Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?

- Комбинацијата на спортско и елегантно е мојот прв избор, со посебна почит кон уникатни и креативни модни автори.

*  Минимализам, хедонизам, авангарда?

- Дефинитивно минимализам со мали примеси на дизајнерска авангарда.

Гламур или класика?

- Прв избор: секогаш класика.

* Омилени нешта од вашата облека?

- Аксесоари, особено накит и чанти.

* Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?

- Апсолутно етикетата не е пресудна, најважно ми е да се чувствувам своја и комфорно во она што го носам.

*  Што сакате да постигнете со вашиот стил?

- Комоција и естетски баланс пред сѐ.

* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?

- Ако нешто мразам, тоа се наметнати „калапи“ во стилот, а во повеќето случаи таквите отстапувања од наметнатото, за жал, водат кон осудување.

* На кој дизајнер би му дозволила да ви го преуреди гардероберот?

- Комплетно преуредување, дефинитивно од Александар Ношпал кој ме познава од моја седум годишна возраст, а совет би побарала во секое време од Јована Филиповиќ и Игор Марков.

* Што облекувате денски, а што навечер?

- Денски е секогаш кежуал. За на работа никогаш немам ставено на себе штикли, а навечер, зависно од пригодата, знам да направам и похрабар избор.

*  Дали експериметирате со косата и шминката?

- Како и секоја девојка, експериментирав до свои 19 години, но сега веќе не. Средна должина на коса во природна боја и минимална шминка за секој ден, а за некои посебни прилики Даниел Николовски, Октај или Дадар знаат да направат магија.

*  Ваши трикови за брз, но ефектен изглед.

- Убав накит и ефектна чанта можат да направат и наједноставната комбинација да изгледа шик.


Даница Караташова Илиоска