“Заборавената“ македонска мисица: Порцеланската убавина наречена Делфина

Делфина Зафирова сега Митропетру беше Мис на Македонија 1999 година. Кога победи, веднаш стана популарна и ја имаше на сите насловни страници, во магазините, на телевизија...

Нежна и со порцеланска убавина, не можеше, а да не биде забележана, телото како лиено, а продорниот поглед ги освои сите.

Но токму во екот на популарноста се повлече, оформи семјество, работи нешто што нема врска со мода...

Денес таа изгледа уште поубаво. За нејзиното вито тело е задолжено спортувањето, односно Делфина трча на маратони.