Задник 2.000 евра, гради 4.000 евра, мачкини очи 1.500 евра: „Ценовникот“ на операциите на Станија

Ставила хијалуронски филери во усните, филери во јаболкниците и се ослободила од темните кругови околу очите, вели нејзината пријателка.

Старлетата Станија Добројевиќ (37), која на јавноста ѝ стана позната во 2006-та година, направи голем број естетски корекции и операции, а за тоа издвои голема сума пари.

Имено, старлетата наводно искеширала 18.700 евра за разни процедури, па денес е непрепознатлива, пишува „Информер“.

Имено, пред 16 години на форумот „Бурек“ се појавија разголените фотографии на старлетата, а подоцна таа се најде и на насловната страница на машкиот магазин „ЦКМ“.

Станија влезе во „Преживеан“ во 2013-та година, а следната година позираше за познатиот „Плејбој“. Поголема популарност стекна со учеството во „Фарма“, а потоа и „Задруга“ ...

Таа денес е непрепознатлива во однос на првите јавни појавувања.

- По сликите кои се појавија на форумот „Бурек“, Станија реши да стави силикони во градите. Прво инсталираше „тројки“, а потоа ги зголеми на „четворки“! Ги направи во Америка и плати околу 4.000 евра. Набрзо го оперира носот во Турција - раскажува пријателката на старлетата за „Информер“ и додава дека Добројевиќ во текот на годините променила сè што не ѝ се допаѓало:

- Стави хијалуронски филери, филери во јаболкниците и се ослободи од темните кругови околу очите. Направи и т.н мачкини очи кои во последно време се многу популарни на естрадата. Таа пред неколку години го зголеми и задникот. Сепак, нејзината позадина е нејзин заштитен знак!


Според неа, Добројевиќ ги средила и забите забите за 4.000 евра, но ја надградила и косата.

Сепак, најголемата трансформација ја доживеа на крајот на минатата година, кога се приклучи на „Задруга 5“. Многумина коментираа дека претерала со пластични операции и ботокс.

View this post on Instagram

A post shared by  (@stanijadobrojevic)


- Станијане ја интересираат коментари! Нејзе ѝ е важно да е задоволна со својот изглед, а на мажите да им се допаѓа. Таа мора да изгледа совршено за да има што повеќе реклами на Инстаграм. Многу заработува и од фотографиите што ги објавува на платформата „Only fans“ - објаснува соговорничката.

„Ценовникот“ на операциите на Станија: 


Нос - 2.000 евра

Усни - 800 евра

Заби - 4.000 евра

Мачкини очи - 1.500 евра

Јаболкници - 650 евра

Гради - 4.000 евра

Задник - 2.000 евра

Надградба на коса - 3.000 евра

Ботокс - 400 евра

Веѓи - 350 евра


Извор: www.telegraf.rs