Задоцнета менопауза: Еве како влијае на здравјето на жените
Последните истражувања покажуваат дека кај жените кои подоцна влегуваат во менопауза, ризикот од мозочен удар е значително помал. Докажано е дека жените со нормална плодност помеѓу 36 и 40 години се повеќе заштитени од мозочен удар и од ангина пекторис.
Лачењето на естрогенот се намалува во климактериум, а овој хормон исто така претставува еден вид заштита од кардиоваскуларни заболувања. Естрогенот помага крвните садови да останат флексибилни и на тој начин се одржува нормалното функционирање на крвотокот.
Истражувачи од Универзитетот на Флорида тестирале преку 3.000 жени постари од 60 години. Како параметри ги разгледувале нивните први менструации, но и кога влегле во менопауза која уште се нарекува и втор пубертет. Жените биле поделени во две групи, во зависност од тоа дали помеѓу првиот и последниот период поминале 30 или повеќе години, или тој период бил значително помал. Исто така, волонтерките биле испрашувани дали имаат историја со срцеви заболувања или било каков вид на заболување на крвните садови.
Добиените резултати покажале дека долготрајниот репродуктивен период значително го смалува ризикот од мозочни удари и од кардиоваскуларни заболувања. Секоја дополнителна репродуктивна година го намалува тој ризик за 3 отсто.